Утрински Весник
Македонија

Брутална и нелегална сеча на дрвја во штипската населба Дуизлак

Брутална и нелегална сеча на дрвја во штипската населба Дуизлак

Непознати сторители извршиле брутална сеча на дрвја во Штип, во населбата Дуизлак, во близина на црквата Св. Недела, информраат градските власти од каде додаваат дека ова е втор вандалски чин за кратко време.

„Првиот беше со кршењето на канделабрите, сега со несовесната сеча. Заштитата на животната средина е меѓу приоритетите на нашата општина. На терен од завчера е излезена екипа, која врши увид“, се наведува во соопштението.

Извештај за состојбата подготвуваат инспектори, рудари и шумската полиција.

Од општината најавуваат дека ќе биде поднесена пријава против непознат сторител, а случајот веќе е пријавен во полиција.

Властите апелираат до сите граѓани, доколку некој забележал или ги видел престапниците да ги пријават.

Можете да прочитате

Објавен јавен повик за финансиска поддршка за набавка на трактори

Огромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС

Трето издание на мeѓународниот фестивал „Стрип Трип“