Утрински Весник
Македонија

Филипче: Здравствениот систем е под огромен притисок

Филипче: Здравствениот систем е под огромен притисок

Здравствениот систем е под огромен притисок како што не бил никогаш, не само кај нас насекаде во светот се соочуваме со пикот на досега најсилниот бран и тоа е нешто што буквално се случува во сите околни земји во цела Средна Европа, па и во останатите земји на северната полутопка, рече министерот за здравство, Венко Филипче, за време на посетата на модуларната болница во Прилеп.

Министерот истакна дека сите ковид – центри во државата се во постојана координација, здравствениот систем секојдневно се менаџира, за пациентите да ја добијат потребната здравствена услуга.

„Благодарение на брзата прераспределба, на брзата реорганизација на системот на ротација, здравствените работници добро го амортизираа и овој удар. Ниту еден пациент не е оставен без соодветна болничка заштита, за што можам да им се заблагодарам за пожртвуваната и посветена работа. Тоа значи во секоја болница, па и тука во Прилеп се прави планирање на дневна основа, но и среднорочно во смисла на тоа кои одделенија ќе бидат преадаптирани доколку е потребно и доколку дополнително се зголемува бројот на пациентите“, изјави Филипче.

Модуларната болница во Прилеп е еден од 19 вакви објекти. Филипче рече дека болницата е целосно опремена со централен довод на кислород и има услови за лекување на сите пацинети кои се заболени од ковид.

 

Можете да прочитате

Левица: Пратениците на премиерот енергетичар го одбија амандманот на Левица за Чебрен да влезе во Буџетот

Реакција на СДСМ по повод заканата за губење на статусот на Охрид како светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО

Мицкоски: Ветивме и остваривме – Пуштен е во употреба мостот кај Башино село