Неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи пишуваат дека премиерот Зоран Заев на денешниот настан за стартот на изградбата на новата градинка во Прилеп, пристигнал со хеликоптер.
Оваа информација првично ја споедели пратеникот Петар Ристески кој вели дека Заев бега од проблемите на народот.
„Заев во Прилеп дојде со хеликоптер!!! А,како поинаку???
1.Патот Градско- Прилеп го прекина и е сега небезбеден,поради тоа што фирмата Рубау си замина бидеј ќи Заев и Сугарески му барале провизија?
2.Да ги избегни ТУТУНАРИТЕ кои го чекаа да му се “заблагодарат” за најкатастрофалниот откуп на тутун во последниве 30г.Тутунот земен за беспари.Тутунарите излажани и ограбени.
800 -1.000тони тутун остана неоткупен.Прв пат после 30ина години.
3.Вработените во општинската фирма ЈП за ПУП кои го чекаат “пресреќни”, зеле вчера 5.000 денари февруарска плата,за мартовската ќе почекале!
4.Вработените од Еурокомоозит кои “само што не почнале” со работа, излажани со неисплатени придонеси за кои се гласаше и закон во собрание!
И на крај, семејствата на преку 330 починати прилепчани и 7.131заболени кои молат за лекарска помош, пиштат од мака и непружена лекарска помош, се молат за помош по фирми неможеј ќи да ги платат прескапите цени од 2 300€ за еден ден во приватните болници, за своите животи.
A вакцини нема!
ЗАЕВ МРШ ОД ПРИЛЕП“, напиша Ристески.
Заев во Прилеп дојде со хеликоптер!!!
А,како поинаку???
1.Патот Градско- Прилеп го прекина и е сега небезбеден,поради…Posted by Petar Risteski on Friday, April 2, 2021
Со коментар подоцна се огласи и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска од Прилеп.
„Вие навистина повеќе не знаете на каде терате! Денес во Прилеп пристигна, ни помалку, ни повеќе, со хеликоптер! Во градот во кој има најмногу смртни случаи како последица на Ковид-19,во градот кој благодарение на вас е мртов град“, напиша Лашкоска.