Утрински Весник
Свет

Десетици полицајци повредени за време на демонстрации во Брисел

Десетици полицајци повредени за време на демонстрации во Брисел

Најмалку 26 полицајци се повредени при разбивање на нелегален масовен митинг во Брисел, на кој присуствуваа повеќе од 1.000 лица и покрај ограничувањата поради коронавирусот, пренесувааат медиумите во регионот.

Полицијата интервенираше синоќа во паркот „Боа де ла Камбре“, во јужниот дел на градот, изјави портпаролот на полицијата.

Во акцијата биле користени водени топови, а интервенирале и полицајци на коњ.

Властите проценуваат дека од 1.500 до 2.000 луѓе се собрале во паркот.

„Тие не беа во согласност со мерката за одржување на физичко растојание или други хигиенски прописи“, велат полициски извори.

Припадниците на безбедносните сили биле гаѓани со шишиња, а некои биле опколени со агресивни демонстранти.

Најмалку еден полицаец бил погоден во главата и пренесен во болница, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња