Утрински Весник
Свет

Мурашко: Сите руски вакцини можат да се даваат на дијабетичари и срцеви пациенти

Мурашко: Сите руски вакцини можат да се даваат на дијабетичари и срцеви пациенти

Сите три руски вакцини против коронавирусот можат да ги користат луѓе со дијабетес и кардиоваскуларни заболувања, но конечната одлука е на докторот и на пациентот, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Тој рече дека дефинитивно треба да се препорача вакцинација, бидејќи луѓето од овие две категории имаат најсериозни симптоми кога ќе се разболат со коронавирусот, пренесуваат руските медиуми.

“Овие вакцини се фактор во спасувањето животи и ќе ги спасат од заканувачки компликации. Сите три вакцини може да се користат, а на докторот е да одлучи која од нив”, рече Мурашко.

Тој потсети дека вакцините „спутник В“ и „Епивакорона“ моментално се достапни во Русија, а наскоро се очекува да се користи и „Ковивак“.

„Првите две се достапни за сите граѓани постари од 18 години“, рече тој.

Можете да прочитате

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат

Едно лице е убиено, а пет се повредени во пукотница на техно фестивал во Швајцарија