Утрински Весник
Свет

Во Африка откриен уште еден вид на коронавирус

Во Африка откриен уште еден вид на коронавирус

Африканските здравствени власти откриле нов сој на коронавирус кај патник кој патувал од Танзанија до Ангола.

Африканскиот центар за контрола на болести објави дека кај овој вид на коронавирус има уште околу 40 мутации.

Официјалните власти велат дека овој нов вид на коронавирус предизвикува сериозна загриженост.

Танзанија не објавува податоци за бројот на заразени со Ковид-19, и натамошното ширење на овој нов вид на Ковид-19 не може да се следи .

Според упатените во таа земја сè уште не е познато дали постојните вакцини ќе бидат ефикасни против новиот сој на коронавирусот.

Официјални лица предупредуват дека Африка е на пат кон третиот бран од пандемијата со Ковид-19.

Британските и јужноафриканските видови на коронавирусот се потврдени во 18 африкански земји, според ЦДЦ.

Можете да прочитате

Хамнеи ги повика земјите од Персискиот Залив да се обединат против „вистинскиот непријател“

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат