Утрински Весник
Свет

Претседателот на Германија прими вакцина на „Астра зенека“

Претседателот на Германија прими вакцина на „Астра зенека“

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, денес ја прими првата доза на вакцината од „Астра зенека“ против коронавирус.

Тој ја прими вакцината во болницата Бундесвер во Берлин, пишува „Велт“.

По вакцинацијата, претседателот апелираше до граѓаните да го следат неговиот пример.

„Верувам во вакцини што се одобрени во Германија. Денес ја примив првата доза на вакцината од ‘Астра зенека’. Вакцинацијата е клучен чекор за излез од пандемијата. Искористете ја можноста и вакцинирајте се“, рече Штајнмаер.

Сопругата на Штајнмаер, Елке Буденбендер, исто така, неодамна се вакцинира.

За разлика од Штајнмаер, германскиот министер за внатрешни работи не сака да се вакцинира со вакцината на „Астра зенека“.

Можете да прочитате

Русија развива застрашувачка ракета – 24info.mk

Закани од Хутите до Вашингтон: Следува брз и болен одговор доколку САД се вмешаат во Јемен

Американски сенатори бараат од Трамп да се откаже од увозот на руски дизел