Утрински Весник
Свет

Супер брзи израелски тестови зa ковид одобрени во ЕУ, даваат резултати за 20 секунди

Супер брзи израелски тестови зa ковид одобрени во ЕУ, даваат резултати за 20 секунди

Израелска компанија објави дека добила европско одобрување за своите брзи тестови за коронавирус и дека е подготвена да помогне во започнувањето на меѓународни патувања.

Рачната машина „спектралит“ ја елиминира потребата од сложена лабораториска опрема, објави израелскиот дневен весник „Тајмс оф Израел“.

Тоа значи дека персоналот на аеродромот кој во моментов има задача да собира примероци и да ги испраќа во лаборатории, едноставно би имал машина при рака и може да им даде на патниците резултати по само 20 секунди анализа.

Системот, кој е тестиран во 36 болници низ целиот свет, доби одобрение од Европската директива за медицински помагала за верзија на тестот за брис, дозволувајќи го да се користи низ целата Европска Унија.

„Ова е важна пресвртница за брзото тестирање“, изјави за израелскиот весник Ејал Зимлихман, лекар во медицинскиот центар Шеба, кој помогна во развојот на технологијата.

„И покрај глобалните напори да се спроведе вакцинација, за Ковид-19 сè уште се потребни брзи дијагностички решенија за да се врати животот во нормала, вклучително и меѓународните патувања, и ова претставува важна пресвртница“, забележа тој.

Зимлихман рече дека „спектралит“ има релативно висока точност – од 70 до 80 проценти и ќе биде многу евтин.

Можете да прочитате

Израел ги проширува операциите во централна Газа

Авион со 235 патници се запали додека леташе над Тихиот океан

Кремљ: Путин е подготвен да разговара за мир во Украина, но сака да ги постигне своите цели