Утрински Весник
Спорт

Пандев: Оваа генерација заслужува поголем респект

Пандев: Оваа генерација заслужува поголем респект

Горан Пандев, се огласи на Инстаграм, по сензационалната победа над Германија во Дуизбург.

Најдобриот стрелец во историјата на националниот тим, со својот гол во самиот финиш на првото полувреме, го трасираше патот до големата победа. Откако Германија израмни од пенал во 63.минута преку Гундоган, а десет минути подоцна пенал не беше досуден за Македонија, Елмас во 85.минута погоди за конечни 1:2.

„Во фудбалот некогаш се случуваат чуда. Храбрите ги следи среќата. Со борба, верба и срце на терен, оваа генерација заслужи и заслужува многу поголем респект“, напиша Пандев на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

> Пандев: Оваа генерација заслужува поголем респект <

Можете да прочитате

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона