Утрински Весник
Свет

Шокантна исповед на синот на Бајден: Како се навлеков на кокаин и станав зависник од алкохол

Шокантна исповед на синот на Бајден: Како се навлеков на кокаин и станав зависник од алкохол

Синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер, планира да објави мемоари во кои презентира шокантни детали од неговиот живот.

Меѓу другото, Бајден зборува и за неговата зависност од дрога и алкохол, пренесуваат американските медиуми.

„Купував кокаин на улиците во Вашингтон, а свој готвев во хотелски бунгалов во Лос Анџелес“, пишува во книгата со наслов „Убави нешта“, пренесува „Њујорк Тајмс“.

Во мемоарите што ќе бидат објавени на 6 април, 51-годишниот Бајден исто така се сеќава како купувал крек од еден зависник и бездомник, кој подоцна се доселил кај него.

Бајден беше отповикан од морнарицата во 2014 година по позитивен тест за кокаин. Во книгата, тој исто така зборува за како бил толку очаен за алкохол што не можел да оди ниту еден блок, од продавницата за алкохол до неговиот дом, без да го отвори шишето.

Хантер опишува и како започнал да пие уште во дваесеттите години, како заминал на рехабилитација, но му се вратил на алкохолот откако неговиот брат починал од тумор на мозокот во 2015 година на 46-годишна возраст.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно