Утрински Весник
Свет

Германскиот министер Зеховер не сака да се вакцинира со „Астра зенека“

Германскиот министер Зеховер не сака да се вакцинира со „Астра зенека“

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер не сака да го послуша повикот на министерот за здравство Јенс Шпан да се вакцинира со вакцината на „Астра зенека“.

„Мојот одговор на повикот на Шпан е ‘не’. Не дозволувам никој да ми го наметнува своето мислење“, рече Зехофер за „Билд“, притоа наведувајќи дека не сака да ја оценува таа вакцина.

На последната седница на Владата, министерот Шпан ги повика сите свои колеги постари од 60 години да се вакцинираат со вакцината на „Астра зенека“, со цел да се зголеми довербата во таа вакцина.

Меѓу министрите „погодени“ од овој повик се, покрај Зехофер, канцеларката Ангела Меркел, вицеканцеларот и министер за финансии Олаф Шолц, министерот за економија Петер Алтмаер и министерот за развој Герд Милер.

Шпан исто така ги повика покраинските премиери да се вакцинираат со „Астра зенека“ со цел да се зголеми разнишаната доверба на граѓаните во таа вакцина.

Во Германија, поради случаи поврзани со можни несакани ефекти на вакцината, беше одлучено вакцината на „Астра зенека“ да се дава само на лица над 60 години, додека помладите можат да ја примаат вакцината само на сопствен ризик.

Можете да прочитате

Трамп изјави дека сака трајно да ја запре миграцијата од посиромашните земји во САД

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки