Утрински Весник
Свет

ЕМА: Нема докази за забрана на вакцината од „Астразенека“

ЕМА: Нема докази за забрана на вакцината од „Астразенека“

Каузална врска помеѓу згрутчувањето на крвта и вакцината од „Астра зенека“ не е докажана, но ние продолжуваме со анализата, велат од европската агенција за лекови.

Од таму додават дека немаат докази за поддршка на забраната за употреба на оваа вакцина за која било популација, и покрај извештаите за згрутчување на крвта.

Изјавата на директорката на Агенцијата дадена денес е во спротивност со советот даден ден претходно од стручниот панел во Германија, по кој германската влада одлучи да ја прекине употребата на вакцината од „Астра зенека“ кај лица помлади од 60 години, пренесуваат европските медиуми.

Директорот на Европската агенција за лекови, повикувајќи се на мислењата на науката изјави дека нема докази што би ја поддржале забраната за употреба на таа вакцина на која било возраст.

„Каузалната врска со вакцината не е докажана, но е можна. Продолжуваме со анализата “, објави ЕМА.

Можете да прочитате

Цените на ретките земни метали пораснаа поради новите кинески извозни контроли

Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен