Утрински Весник
Свет

Експерти на СЗО: Кинеските вакцини се безбедни и ефикасни

Експерти на СЗО: Кинеските вакцини се безбедни и ефикасни

Вакцините на кинеската лабораторија „Синофарм“ и „Синовак“ се покажаа безбедни и ефикасни против Ковид-19, но потребни се дополнителни податоци, објавија денес експертите од Светската здравствена организација (СЗО).

Таа процена ја направи Советничката стратешка група на експерти за вакцинација (САГЕ), тело на СЗО, кое се состана од 22 до 25 март. Овие експерти се одговорни за давање препораки во врска со вакцинацијата.

Во документот во кој се сумираат главните точки покренати на состанокот, експертите велат дека двете кинески вакцини, кои поднеле барање за одобрување до СЗО, покажале дека се безбедни и ефикасни против ковид-19 кога пациентот има симптоми.

„Сепак, нема податоци кога станува збор за стари лица и лица кои страдаат од други болести“, наведоа експертите.

Откако ќе се додадат овие податоци, ќе бидат потребни студии за ефикасноста и безбедноста на двете вакцини за тој сегмент од популацијата.

Одлуката на СЗО за барањето за одобрување на вакцините на „Синофарм“ и „Синовак“ се очекува најрано на почетокот на април

Можете да прочитате

Колумбија заплени рекордни 225 тони кокаин

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар