Утрински Весник
Македонија

Почнува вакцинацијата со „Астра зенека“ во Македонија

Почнува вакцинацијата со „Астра зенека“ во Македонија
Dik 300x250 mk

Утрово почна вакцинацијата со вакцината на „Астра зенека“ на лица над 77-годишна возраст во Македонија.

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека досега се закажани 5.976 термини за вакцинација.

„Првично пуштени се 9.577 термини, а досега се закажани 5.976 термини за вакцинација на граѓани над 77 годишна возраст. Вакцинацијата ќе се одвива на постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи во градовите низ државата. Вакцинацијата е прецизно организиран процес, испораката на вакцини ќе оди сукцесивно“, вели Филипче.

Пунктовите за вакцинација се отворија во 8 часот, а ќе работат до 20 часот секој ден од понеделник до петок.

Матичниот лекар не секој граѓанин кога му закажува тремин за вакцинација е должен да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа каде се спорведува вакцинација против Ковид-19.

Филипче рече дека со вакцината на „Астра зенека“ нема да бидат вакцинирани лица под 60 години, по двата извештаи на Канада и на Германија.

Инаку, Германија одлучи да ја запре вакцинацијата на лица помлади од 60 години со оваа вакцина, а Канада одлучи да не ја дава на лица помлади од 55 години.

Можете да прочитате

Нови обилни дождови и засилен јужен ветер доаѓаат во нашата Македонија

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, уапсени две лица

ВЛЕН: ДУИ без власт тоне во паника и самозалажување!