Утрински Весник
Македонија

Вакцината не е причина за состојбата на доктор Ѓорчев кој е во кома во Ниш, вели директорот на нишкиот клинички центар

Вакцината не е причина за состојбата на доктор Ѓорчев кој е во кома во Ниш, вели директорот на нишкиот клинички центар

Директорот на Универзитетскиот клинички центар, Зоран Перишиќ, изјави дека состојбата на 73-годишниот маж од Македонија, кому му се слошило по вакцинацијата во салата „Чаир“ во Ниш, е непроменета и дека тој се’ уште е во кома.

Пратеникот Влатко Ѓорчев вчера соопшти дека станува збор за неговиот татко – докторот, Ангелко Ѓорчев. Пратеникот напиша дека кусо откако неговиот татко ја примил вакцинита, му се слошило и загубил свест.

„Анализите покажаа декa неговата состојба не е последица на вакцината што ја прими“, изјави Перишиќ за агенцијата „Бета“.

Како што рече, лекарите исто така ги елиминирале срцевите проблеми како причина за состојбата, бидејќи е направена коронарна ангиографија и се проверува состојбата на четирите бајпаси што ги имал пациентот од претходно.

 

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари