Утрински Весник
Свет

Од 1 април источна Австрија под целосен карантин

Од 1 април источна Австрија под целосен карантин

Од 1 април австриските покраини Виена, Долна Австрија и Бургенланд влегуваат во ново, четврто целосно затворање поради влошената епидемиолошка состојба.

Додека градоначалникот на Виена одлучи да го продолжи затворањето до 11 април, Долна Австрија и Бургенланд имаат намера да ја спроведат оваа строга мерка до 6 април, како што првично беше договорено.

Затворањето е воведено за време на римокатоличкиот Велигден, а исто така е поврзано со строги мерки за прославување на овој празник.

Така, ќе може да се прими само едно лице од друго домаќинство додека траат мерките за затворање.

Тоа значи дека, на пример, децата што живеат во различни домаќинства нема да можат да го слават Велигден со своите родители во нивниот дом.

Сите продавници, освен самопослугите и аптеките, ќе мора да се затворат.

Покрај тоа, продавниците за храна не смеат да продаваат производи што можат да бидат велигденски подароци, како што се играчки, облека и слично.

За време на затворањето ќе има целодневен полициски час, за време на кој е можно да се напушти куќата за одење на работа, купување намирници, на лекар, како и на прошетка или спорт.

Луѓето можат да одат само со луѓе од исто домаќинство, а доколку се сретнат со други луѓе мора да внимаваат да држат растојание од два метра, но подобро е да се избегнува какво било собирање, бидејќи собирањето на повеќе луѓе во моментов е забрането. Кршењето на епидемиолошките мерки се казнува со парична казна до 1.450 евра.

Можете да прочитате

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина

Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра