Утрински Весник
Свет

Од коронавирус почина поранешниот албански премиер Башким Фино

Од коронавирус почина поранешниот албански премиер Башким Фино

Почина поранешниот премиер на Албанија, Башким Фино на 59-годишна возраст, соопшти неговото семејство и владејачката Социјалистичка партија.

Како што наведоа, Фино починал во болницата, каде што се лекувал неколку дена откако било откриено дека е заразен со коронавирус, пренесува АП.

Владата на Албанија денешниот ден го прогласи за Ден на национална жалост, па затоа знамињата во земјата беа спуштени на половина копје.

Фино, школуван како економист, беше градоначалник на Џирокастра и дојде на чело на албанската влада во 1997 година.

Земјата беше на работ на тотална анархија по распадот на широко распространетите пирамидални шеми, во кои голем број Албанци ги загубија своите животни заштеди.

Фино беше премиер пет месеци до одржувањето на предвремените избори што ги донесоа социјалистите на власт.

Можете да прочитате

Рубио: Многу сме разочарани од НАТО

Американската армија на Блискиот Исток е во зголемена подготвеност

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево