Утрински Весник
Свет

Унгарија: Нема олеснување на мерките додека не се вакцинира половина од населението

Унгарија: Нема олеснување на мерките додека не се вакцинира половина од населението

Министерот за здравство на Унгарија, Миклош Каслер, објави дека земјата најверојатно нема да ги попушти строгите мерки против Ковид-19 додека не се вакцинира половина од населението.

„Ројтерс“ известува дека владата претходно објави дека Унгарија ќе започне со повторно отворање училишта и претпријатија кога ќе се имунизира околу една четвртина од населението, а во изјава за унгарската телевизија Хир, министерот Каслер, кој е исто така одговорен за здравствена заштита и образование, рече дека границата за повторно отворање може да биде поголема од тој број.

„Откако нашата вакцинација ќе достигне половина од населението, а сметајќи ја стапката на ширење на британскиот вид на вирус, мислам дека крајот на мај и почетокот на јуни е време кога можеме да ги ублажиме ограничувањата, освен ако нема нови мутации“, рече Каслер.

„Ројтерс“ објави дека премиерот Виктор Орбан, кого го очекуваат избори во 2022 година, се обидува да најде рамнотежа помеѓу највисоката дневна стапка на смртност од коронавирус по глава на жител, за која Унгарија, според Универзитетот „Џонс Хопкинс“, треба повторно да ја отвори економијата со цел да се избегне втората година на длабока рецесија.

Според податоците на владата, повеќе од 200 луѓе дневно умирале од ковид-19 во Унгарија во последните неколку недели, а земјата со 9,8 милиони жители забележала вкупно скоро 20.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата, наведува агенцијата.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно