Утрински Весник
Култура

Ново издание „Првите луѓе на Државниот архив (1951 – 2021)“

Ново издание „Првите луѓе на Државниот архив (1951 – 2021)“

Државниот архив објави ново издание „Првите луѓе на Државниот архив (1951 – 2021)“ од проф.д-р Марјан Димитријевски по повод одбележувањето на јубилејот 70 години постоење на институцијата.

Преку биографиите и библиографиите на првите луѓе на архивот, всушност, се прикажува развојот на современата македонска архивистика и оваа институција, која претставува еден од темелите на македонскиот национален идентитет.

Улогата на првиот директор на Државниот архив, Тодор Талески, и неговиот наследник, Димче Стојанов-Мире, како основоположници на современата архивска служба во нашата држава е осведочена во ова издание преку прикажување на нивните напори за институционален развој на архивистиката.

„Следните генерации директори прават значајни исчекори во доразвивање на мрежата на архивските установи и осовременување на законодавната архивска практика. Архивот бележи подем во сите сфери на работењето на ниво на поранешна Југославија и по осамостојувањето. Денес во своите стратешки цели Државниот архив ја има дигитализацијата на архивските документи и историски материјали и воведување процеси на спроведување современи облици на архивистиката. Овој јубилеј нѐ обврзува како институција да го продолжиме патот на сите досегашни раководства во нивната успешна работа“, истакнуваат од Државниот архив.

Додаваат дека изданието „Првите луѓе на Државниот архив (1951 – 2021)“ ќе остане пишана трага за посветеноста на 13-те директори за достигнувањата на Државниот архив и ќе им служи за пример на идните генерации историчари и архивисти.

Текстот Ново издание „Првите луѓе на Државниот архив (1951 – 2021)“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“