Утрински Весник
Свет

Во БиХ 93 починати од коронавирус за еден ден

Во Германија почина човек по вторпат заразен со коронавирус
Dik 300x250 mk

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина починале 93 лица заразени со коронавирус, што е најголем број на смртни случаи годинава.

Од нив, 64 се од Федерацијата БиХ, 22 од Република Српска, додека седум смртни случаи се регистрирани во дистриктот Брчко. Во текот на последните 24 часа, евидентирани се 856 нови случаи на коронавирус.

Во текот на изминатите 24 часа, 64 смртни случаи и 653 позитивни лица за коронавирус беа пријавени во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ. Нови случаи се регистрирани во сите кантони во ФБиХ, освен во Ливно. Вкупниот број на смртни случаи во БиХ е 3.609.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим