Утрински Весник
Спорт

Проблем за Полска и Баерн – Левандовски е повреден

Проблем за Полска и Баерн – Левандовски е повреден
Dik 300x250 mk

Лоши вести за Полска и Баерн Минхен. Роберт Левандовски, поради повреда, нема да игра за Полска против Англија, а веројатно и за Баерн против Лајпциг и ПСЖ.

Полска, вчера, ја победи Андора со 3:0. Левандовски ги повредиле лигаментите во коленото. Полјаците соопштија дека тој се вратил во Минхен.

Претпоставките се дека Левандовски ќе мора да мирува десет дена.

Полска, утре без својот капитен, ќе гостува во Англија, додека во Бундес лигата ќе го пропушти дербито со Лајпциг на 3.април, а под знак прашалник ќе биде и за првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите, против ПСЖ на 7.април.

Левандовски оваа сезона има постигнато 42 гола на 36 одиграни натпревари.

> Проблем за Полска и Баерн – Левандовски е повреден <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата