Утрински Весник
Македонија

Филипче: Жал ми е што овие лажни вести потекнуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Venk

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција, по новинарско прашање околу вакцинација на министри во земјава и странство, истакна дека досега не е вакциниран ниту еден министер од Владата.

„Ниту еден министер не е вакциниран и тоа одговорно го кажувам и тврдам. Жал ми е што овие лажни вести потекнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Покрај сите предизвици што секојдневно ги имаме во борбата да се зајакне здравствениот систем и да им се излезе во пресрет со барањата на пациентите, жалам што се бориме и со лажните вести на  ВМРО-ДПМНЕ. Не најдоа ни сила, ни храброст, ни доблест некако да помогнат“, рече Филипче.

Можете да прочитате

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во домот на судијата Ристов

Претреси кај судија од Апелациониот суд по наредба на Обвинителството

69-годишен маж почина од компликации од грип во Скопје