Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Не може да се самопопишуваат лица кои се откажале од државјанството, велат од Државниот завод за статистика

Не може да се самопопишуваат лица кои се откажале од државјанството, велат од Државниот завод за статистика
Img 7972

Државниот завод за статистика ги демантира информациите што се појавија во јавноста, дека постои можност да се самопопишат и лица кои се откажале од македонското државјанство.

Оттука велат дека станува збор за дезинформации.

„Прв услов е лицата што се попишале да ги има во базата на државјани на МВР. По вкрстување на базите, оние лица коишто ги нема ќе бидат отстранети, иако се обиделе да се попишат со пасивизиран матичен број. ДЗС дејствува по сериозна методологија и се води по најстрогите и најсовремени стандарди на проверки при попишувањето и секој обид за дезинформирање и манипулирање со населението ќе биде веднаш демантиран и разобличен“, наведе Државниот завод за статистика.

Првиот вицепремиер, Артан Груби, вчера изјави дека граѓаните кои имаат пасош од земјите кои дозволуваат само едно државјанство, што значи дека се откажале од македонското државјанство, може да се попишат со извод или со било каков документ кој што го поседуваат и дека тие ќе придонесат за унапредување на правата на Албанците во Македонија.

Можете да прочитате

Во „Идризово“ гласаат 1084 затвореници

Паднаа двајца браќа – полицијата дома им најде дрога

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден