Утрински Весник
Свет

Мадуро: За вакцини можеме да платиме со нафта

Мадуро: За вакцини можеме да платиме со нафта

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро навести дека Венецуела може да плати со нафта за да добие вакцини против коронавирус.

„Венецуела има цистерни со нафта и има клиенти кои ја купуваат нејзината нафта. Нашата земја ќе одвои дел од овие залихи за да обезбеди испорака на потребните вакцини. Нафта во замена за вакцини“, рече Мадуро на државната телевизија, а пренесе руската агенција „Тасс“.

Според официјалната статистика, во Венецуела се регистрирани над 156.000 случаи на Ковид-19, додека пак од почетокот на пандемијата починале 1.555 лица.

Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, во средата изјави дека Венецуела има околу седум милијарди долари на сметки во странски банки, кои земјата планира да ги искористи за да купи вакцини.

Сепак, банките во земјите кои го признаваат лидерот на опозицијата Хуан Гваидо за лидер на Венецуела одбиваат да ги отстапат средства, тврди официјално лице.

Мадуро овој потег го нарече обид за пуч и прогласи прекин на дипломатските врски со САД.

Ситуацијата во Венецуела ескалираше во јануари 2019 година, кога поранешниот претседател на парламентот Хуан Гваидо се прогласи за привремен претседател.

Потоа ја доби поддршката од САД и земјите-членки на Групата од Лима (освен Мексико), како и од повеќето земји на Европската унија.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина