Утрински Весник
Свет

Албански државјани со чартер летови стигнаа во Србија да се вакцинираат

Албански државјани со чартер летови стигнаа во Србија да се вакцинираат

Aлбанската авиокомпанија „Албавингс“ организираше два чартер лета од Тирана до Белград со патници кои се пријавиле за вакцинација против коронавирус во Србија. Оваа можност ја искористија и вработените во авиокомпанијата, пишува „Блиц“.

Гостите од Албанија вчера ги пречека заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.

За бесплатната вакцина против Ковид-19, која Србија им ја обезбеди на странците, постои голем интерес.

Условите се исти како и за државјаните на Србија, а покрај личната карта и пасошот, на странските државјани не им е потребна дополнителна документација.

Вчера пред белградскиот саем имаше колони луѓе кои чекаа ред за да примат вакцина во Србија. Стари, млади, дојдени од Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, а и граѓани од Србија чекаа во редот долг стотици метри, пред двете хали од саемот.

Вакцинацијата продолжува и денеска.

Можете да прочитате

Закани од Хутите до Вашингтон: Следува брз и болен одговор доколку САД се вмешаат во Јемен

Американски сенатори бараат од Трамп да се откаже од увозот на руски дизел

Фараж најави замрзнување на постапките за азил до пет години ако неговата партија победи на изборите