Утрински Весник
Македонија

Борисов: Ќе донираме 5.000 вакцини за Северна Македонија за да покажеме братска солидарност

Борисов на домашно лекување од коронавирус, се чувствува истоштено

За да покажеме братска солидарност, ќе испратиме 5.000 дози вакцини во Северна Македонија, изјави бугарскиот премиер, Бојко Борисов.

„Ова ќе биде вистински пријателски гест за здравјето на луѓето – гест на солидарност, иако тие сакаат да нè навредуваат”, рече премиерот.

Борисов најави дека во Бугарија следната недела ќе пристигнат над 200.000 дози вакцини, но верува дека во текот на април во Бугарија ќе пристигнат  1 милион дози вакцини.

За време на последната достава на вакцини, 16.800 дози од  Астра Зенека пристигнаа во Бугарија.

Според последните податоци, 430.228 се вкупните дози на вакцини против коронавирус кои пристигнале во Бугарија.

Можете да прочитате

М-НАВ најавува нови вработувања и модернизација, синдикатот предупредува на можен штрајк

Тренчевска: Семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани заслужуваат и финансиска помош и правда 

Земјотрес во Валандово и Струмица