Утрински Весник
Магазин

Шест навики на луѓето за кои се „лепат пари“

Можеме ли да се разболeме од пари

Има неколку идеи кои може да послужат како основа за стекнување добри навики за менаџирање на парите. Со развивање на овие навики сте на пат да станете побогати.

Меѓутоа, ако тоа ова е вистина, зошто толку многу луѓе не успеваат да постигнат финансиски успех? Ако управувањето со личните финансии е навистина толку едноставно, тогаш сигурно никој не би бил роб на кредитот и би имал „здрава“ нето вредност. Што нè спречува?

Луѓето кои постигнуваат повеќе со своите пари се всушност луѓе кои прават многу мали работи на вистински начин и на подолг временски период. Со други зборови, навиките се оние што ги издвојуваат финансиски успешните луѓе од другите.

Ако имате цел да постигнете личен финансиски успех, треба да ги развиете и да започнете да ги практикувате следниве шест одлични навики:

1. Поставете си цели
Ако немате цел, фокус или насока, ќе ви биде тешко да постигнете успех на високо ниво. Слично на тоа, невозможно е да се успее ако не знаете кон што се стремите. Целите можат да ја обезбедат таа неопходна насока. Сепак, потребно е да се знае дека постои разлика помеѓу одличната цел и онаа што е осудена на пропаст уште од самиот почеток.

Вашите цели мора да бидат ефективни, специфични и мора да бидете во можност да ги следите. Следете го напредокот и наградете се за достигнувањата. Поставете си позитивни цели како што се, на пример: „ќе заштедам X денари/евра секој месец“ (наместо негативни, што би било: „ќе престанам да трошам премногу пари на храна“).

2. Живејте скромно
Финансиски успешни луѓе не се оние кои трошат цело богатство на одржување на скап начин на живот. Тие разбираат дека постои разлика помеѓу луѓето кои изгледаат богато и богатите луѓе. Ако сакате да постигнете финансиски успех, мора да научите да живеете во рамките на вашите можности и, идеално, како да живеете добро и да бидете задоволни со помалку.

3. Порамнете ги приоритетите со трошењето
Парите се алатка што може да се користи како и сите други, а финансиски успешните луѓе знаат да го користат секој денар. Ова е затоа што тие ги усогласуваат своите трошоци со нивните приоритети и вредности. Тие ги намалуваат трошоците во области кои не им обезбедуваат трајна исполнетост и задоволство за да создадат простор во нивниот буџет за работи што го овозможуваат тоа.

Ако сакате да постигнете финансиски успех, треба да се фокусирате на вашиот личен пат. Избегнувајте да паѓате под влијание на она на кое другите трошат пари.

4. Држете се до буџетот и следете ги трошоците
Кога станува збор за буџетирање, финансиски успешните луѓе знаат да се држат до тоа. Тие знаат колку заработуваат и колку и за тоа што трошат. Не можете да бидете успешни со пари ако немате идеја за што трошите секој месец.

Игнорирањето на буџетот или неможноста да се следат трошоците ве ставаат на „брзата лента“ кон финансиски проблеми како што се, на пример, потрошувачки кредит.

5. Подобрете ја вашата финансиска писменост
Клучно е да разберете дека секогаш има нешто повеќе да научите за менаџирањето на вашите пари. Оние кои се успешни во заштедите и инвестициите со заработеното, знаат дека мораат да го продолжат своето финансиско образование и да работат на зголемување на финансиската писменост. Без оглед на вашиот напредок, секогаш има нешто што може да се подобри и да научите повеќе за тоа.

6. Преземете иницијатива
Финансиски успешните луѓе не постигнуваат повеќе со своите пари затоа што седат и чекаат да им се случат добри работи. Тие ги преземаат потребните мерки и играат активна улога во нивните достигнувања. Важно е да научите да ги искористите добрите можности што може да ви се најдат, но исто така да создадете свои кога тој бунар ќе пресуши.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста