Утрински Весник
Македонија

Ѓорчев: Најнеспособни сме на светот, Врање за нас стана Шведска

Ѓорчев: Најнеспособни сме на светот, Врање за нас стана Шведска

На денешниот протест пред Министерството за здравство, Владимир Ѓорчев, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, своето обраќање го започна со минута молк за сите 3.600 починати од коронавирусот во Македонија и порача дека државата со некадарните од власта ни е голема гробница, каде секој ден наместо фабрики се бројат мртви луѓе, а ветуваа дека во Македонија ќе има живот.

„ Денеска во Македонија додека зборуваме во моментов се подготвуваат 33 погреби, денеска 33 семејства ќе ги испратат своите најмили и веќе никогаш да не ги видат, ќе молчиме затоа што власта не се ни дрзнува во собрание да молчи за починатите свои сограѓани, минута молк затоа што болката е голема и затоа што мртвите се премногу, а неспособноста е ужасна, не е нормално да умираат по 30 луѓе дневно и никому ништо, остро критикуваше Владимир Ѓорчев.

Ѓорчев вели дека во Македонија не се умирало вака од Втората Светска војна, и не е нормално да имаме по 30-тина смртни случаи секој ден, Македонија буквално умира, луѓето се борат за секој здив.

„ Ни рекоа „За Живот“ во Македонија, а државата е една голема гробница, ова ли е живот со 30 погреби дневно, Заевистан набавува вакцини преку сомнителни фирми, Заевистан во кој стотици одат во соседството да се вакцинираат, а државата е во петте најлоши држави по смртност во светот, Македонија има најмногу мртви луѓе во светот, а вакцини нема – порача Ѓорчев.

Тој вели дека најлоши сме на Балканот, никој не вакциниран, а со леснотија се умира, во Србија се вакцинираа дневно по 40, 000 луѓе, Албанија има набавено преку 100,000 вакцинирани, Грција има 5 милиони вакцинирани луѓе, Хрватска има 400,000 вакцинирани, а ние треба да седиме мирно и да бидеме индиферентни на тоа што Сомалија, Руанда и Зимбабве вакцинираат пазарџии и такси возачи.

„ Најнеспособни сме на светот, Врање за нас стана Шведска и Скандинавија, ова е фијаското во кое живееме, ги повикувам ченовите на СДСМ и „шарените револуцинери“, да не бидат индиферентни на 3,600 –тини мртви и да не се молчат за ова што ни се случува“, вели Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека 1,200 починати во Скопје е повеќе од скопскиот катастрофален земјотрес, 310 починати само во Прилеп, тоа е 31 Карпалак само во Прилеп, 170 мртви во Битола, 40 мртви во Неготино, 230 мртви во Тетово, 110 мртви во Велес, 100 мртви во Штип, наместо да броиме победи, наместо да броиме фабрики, тука се брои 99% поддршка за автократот Зоран Заев и броиме мртви во секој град.

„ За ова ли гласавте шарени револуционери, ова ли е живот во Македонија ? – праша Ѓорчев.

Ѓорчев порача дека нема да се кренат раце, затоа што ќе излезе ново сонце на слободата, а ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже заради 3,600-тини починати и се што и се случува на Македонија од некадарниците во власта, за кои порача дека треба да си одат веднаш.

Можете да прочитате

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина