Утрински Весник
Магазин

Италија: Потврден британскиот вид на корона кај мачка

705105 cat 2273598 1920 f
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ветеринарите го открија првиот случај на инфекција со британскиот вид на коронавирус кај мачка, која живее во семејство во Новара. Сопствениците на домашното животно се наоѓаат во карантин поради инфекцијата, а според експертите на Зоопрофилактичкиот институт мачката се заразила од сопственикот и ги имала истите симптоми како и луѓето.

Директорот на Институтот, Анџело Ферари, потврди дека инфекцијата се пренесувала од луѓе на животни, а не обратно, и дека домашните животни не се носители на инфекцијата. Тој потсети дека на фармите за одгледување визони, чие крзно се користи за производство на скапи крзнени палта, инфекцијата исто се пренела од луѓето, односно од персоналот што работел на тие фарми.

Во споредба со пред дваесет дена, кога беше забележан почетокот на третиот бран на пандемијата „Ковид 19“ во Италија, бројот на смртни случаи за еден ден е двојно зголемен, а има уште неколку илјади новоинфицирани. Во последните 24 часа од инфекцијата починале 423 лица, а меѓу 350 илјади тестирани откриени се скоро 25 илјади нови случаи на заразени, пишува агенцијата Анса.

Можете да прочитате

Хуманитарна новогодишна изложба на олдтајмер клубот ВМ Класик во Џевахир Мол

Млада Месечина во Стрелец на 19 декември: Што ги очекува хороскопските знаци?

Доаѓа Свети Никола – овие две работи не треба да ги правите