Утрински Весник
Македонија

Џевахир Холдинг ќе ги исклучи светилките еден час за „Часот на планетата Земја“

Earthhour cevahir sky city
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Светилките на висококатниците Џевахир Скај Сити ќе се изгаснат во 20.30 часот, на 27ми март, во сабота. Со едночасовното исклучување на светилките, компанијата се вклучува во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција „Час на планетата Земја“ и ја изразува својата поддршка за глобалната иницијатива. „Едночасовното гасење е многу поважно како испраќање порака за одговорноста што сите ја имаме во однос на значењето и прекумерната искористеност на природните ресурси. Затоа, заради значењето на само еден час за поголема свесност, се надеваме дека со нашето вклучување во глобалната иницијатива ќе мотивираме помасовна вклученост и од страна на компаниите и од страна на граѓаните”, велат од Џевахир холдинг.

Џевахир холдинг е компанија што ја поддржува секоја иницијатива што како приоритет поставува општокорисни акции и придонесува за поголема свесност за климатските промени и за позитивните промени во општественото живеење.

Можете да прочитате

Неколку претседатели на општински ограноци на СДСМ поднесоа оставки

СДСМ: Власта се заканува со кривични пријави за да нѐ замолчи

Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко