Славниот британски комичар Рики Герваис ги исмејуваше демонстрантите кои се собраа пред едно британско училиште и побараа разрешување на наставник кој наводно на децата им покажувал слика на Мухамед, принудувајќи го директорот да ја откаже наставата за 980 ученици.
Blasphemy? Fucking Blasphemy? It’s 2021 for fuck’s sake. What next? People being punished for insulting unicorns?
— Ricky Gervais (@rickygervais) March 26, 2021
Герваис, кој се прослави со шегите на сметка на религијата и честопати вулгарни и навредливи шеги, објави на Твитер: „Богохулење? Е*ано богохулење? 2021 година е побогу. Што е следно? Луѓето ќе бидат казнети за навреда на еднорог?“
Инаку, Гeрваис на Твитер го следат 14,5 милиони луѓе.
Британскиот министер за образование синоќа рече дека ги осудува заканите и заплашувањата на кои бил изложен наставникот, кој беше суспендиран за прикажување карикатура на Мухамед на час.
Министерот Гавин Вилијамсон истакна дека протестите пред училиштето во Западен Јоркшир се целосно неприфатливи, додавајќи дека на наставниците им било дозволено да ги изложуваат учениците на предизвикувачки или контроверзни теми, пишува „Телеграф“.
Неговата изјава уследи откако вчера утрото десетици демонстранти се собраа пред вратите на средното училиште Батли, принудувајќи го училиштето да ги советува учениците да останат дома додека полицијата го чува училиштето. 29-годишниот наставник по религија, наводно, им ја покажал на учениците контроверзната слика за време на часовите во понеделникот. Тој мораше да побара засолниште во четвртокот вечерта, откако полицијата изрази загриженост за неговата безбедност, бидејќи неговото име се појави на Интернет.
Инцидентот се случи неколку месеци откако исламистички терорист обезглави наставник во Франција кој на учениците им покажа слики од Мухамед.