Утрински Весник
Свет

Британско истражување: Само една доза на „Фајзер“обезбедува имунитет и заштита од различни видови на вирусот

Британско истражување: Само една доза на „Фајзер“обезбедува имунитет и заштита од различни видови на вирусот

Само една доза од вакцината на „Фајзер“ предизвикува имунолошки одговор сличен на оној генериран од организмот по инфекцијата и обезбедува заштита од различни видови на вирусот за луѓето кои имале Ковид-19, покажува најновата студија објавена во Велика Британија.

Студијата вклучува 237 лица и открива дека оние кои веќе биле подложени на Ковид-19 вирусот имале посилен имунолошки одговор на Т-клетките, дури шест пати посилен од оние кои не биле заразени, пренесува Ројтерс.

Авторот на студијата, Тишан де Силва од Универзитетот во Шефилд, рече дека кај оние кои го прележале Ковид-19, одговорот на вакцината бил ефикасен дури и во случај на мутирани, нови варијанти на коронавирусот , како што е варијантата од Јужна Африка.

Можете да прочитате

Марш во Лион по смртта на десничарски активист, Макрон повика на смиреност

Либанскиот претседател го обвини Израел за нарушување на стабилноста по новите воздушни напади

ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење