Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Гордо ќе продолжам да ја делегитимирам државноста на Косово

Вучиќ: Гордо ќе продолжам да ја делегитимирам државноста на Косово

Горд сум на фактот што ја делегитимирам државноста на Косово, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Што се однесува до косовскиот премиер Албин Курти, Вучиќ вели дека интересна му е неговата идеја за дијалог.

„Се плашам дека најмногу сака да разговара со себе. Нека прават што сакаат и што можат, тие само покажуваат дека никогаш не сакале дијалог”, вели српскиот претседател.

Тој додава и дека не сака да верува оти ЕП сака да ги штити тајкуни и организиран криминал. Што се однесува до Косово, во извештајот на Европскиот парламент, според Вучиќ се вели следново:

„Тие повикуваат на активна регионална соработка, тоа е извештајот на ЕП за Косово, тоа за нив е држава. Само кога ќе ни кажат за моралот на тие луѓе, за тоа што тие луѓе бараат од Србија“.

Вучиќ сугерира дека тој и понатами ќе продолжи да ја делегитимира државноста на Косово.

„Се пишува дека постои загриженост во врска со кампањите за делегитимирање на државноста на Косово. Горд сум што ја делегитимирам државноста на Косово. Ќе продолжам да го правам тоа“, вели претседателот на Србија.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд