Утрински Весник
Македонија

Албанскиот премиер ги повика Албанците да учествуваат во пописот

Албанскиот премиер ги повика Албанците да учествуваат во пописот

Албанскиот премиер Еди Рама објави видеопорака на „Фејсбук“ во која ги повикува Албанците да учествуваат во пописот.

Рама истакна дека само пет минути се доволни за регистрација, а со тоа се чини многу, бидејќи уставната моќ на Албанците во Северна Македонија ќе се процени врз основа на попишаниот број.

„Браќа и сестри Албанци, денес треба да бидете горди на тоа колку напредувавте во своите права во пријателска земја. Доволно е да погледнете наназад само неколку години и да видите какви чекори презедовме за афирмација на правата во таа република. Никој од вас, без разлика каде се наоѓа не треба да се откаже, не треба да биде отсутен. Знаете подобро од кој било дека уставната моќ и одлучувањето на таа земја зависи од бројот на албански граѓани во Македонија. Вие не треба да земете пушка и да се качите на планина или да земете лопата, туку да потрошите само пет минути“, порача Рама.

Можете да прочитате

Билјана Каракашова Шулев ќе ја менува Димитровска од Антикорупциска додека е под истрага

Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд

Отворена претходна постапка за стечај за градежната фирма „Соравија Инвест“