Утрински Весник
Свет
Img 7972

Босанските портали со упатства како граѓаните од БиХ да се вакцинираат во Србија

Босанските портали со упатства како граѓаните од БиХ да се вакцинираат во Србија
300x250 opst2

Откако Владата на Србија одлучи да овозможи вакцинирање на граѓаните од регионот без претходна најава и негативен ПЦР тест при преминување на границата, сараевскиот портал „Кликс“ објави упатства за граѓаните на БиХ, со цел, како што велат, планираната постапка да мине без никакви проблеми.

Како што наведува порталот, имајќи предвид дека голем број граѓани на БиХ ќе се упатат во Србија да примаат вакцина против коронавирусот, тие посочуваат дека освен фактот дека не е потребен негативен ПЦР тест, не е потребно и никакво медицинско уверение од БиХ, а ни потврда за државјанство или живеалиште.

Разбирливо е, додаваат од „Кликс“, дека лицето кое доаѓа на вакцинација не треба да било сериозно болно во изминатите 30 дена.

Покрај адресата од Халата 3 на белградскиот саем, во упатството исто така се наведува дека граѓаните на БиХ треба да имаат пасош, да пополнат обрасци и да извршат краток разговор со еден од присутните лекари.

Исто така се нагласува дека целиот процес трае 30 минути, вклучително и вакцинацијата и дека работното време на пунктовите на саемот е од 8 до 20 часот.

Покрај тоа, се забележува дека во Србија на сила се епидемиолошки мерки, односно дека се затворени кафулињата, рестораните, ноќните клубови и барови, како и трговските центри.

Во упатството на „Кликс“ се напоменува и дека рестораните и кафулињата во хотелите можат да ги служат гостите само со регистриран престој, и тоа до 21 часот.

Можете да прочитате

Израел ќе го отвори граничниот премин Рафах и ги откажа планираните акции против Хамас

3,9 милиони долари за ЛБГТ проекти во Западен Балкан: Спикерот Џонсон објави што бараат демократите за да ја одблокираат владата на САД

Земјотрес со средна јачина ја стресе Турција