Утрински Весник
Свет

Орбан: Заклучувањето останува на сила

Орбан: Заклучувањето останува на сила
Dik 300x250 mk

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека во Унгарија сè уште нема услови за ублажување на мерките за заклучување поради зголемувањето на новозаразените од коронавирус.

Тој најави дека здравствените работници наскоро ќе почнат да вакцинираат бремени жени со вакцини од компаниите „Фајзер“/„Бионтек“ и „Модерна“, пренесува „Ројтерс“.

Според него, Владата има намера за викендов да го намали дозволениот број на купувачи во продавниците, но веројатно ќе воведе подолго работно време на маркетите.

Здравствените власти денеска објавија за рекордно висок дневен број од 275 смртни случаи од Ковид-19.

Можете да прочитате

Полска го предупреди Путин да не патува низ нејзиниот воздушен простор

Наришкин: НАТО ја подготвува Европа за војна со Русија

Саркози ќе почне да ја отслужува затворската казна