Утрински Весник
Свет

Бајден ќе се кандидира за претседател и во 2024

Бајден ќе се кандидира за претседател и во 2024

Американскиот претседател Џо Бајден откри дека размислува да се кандидира на претседателските избори во САД во 2024 година, додавајќи дека во тој случај, негова кандидатка за потпретседател повторно ќе биде Камала Харис.

„Одговорот е: Да, планирам повторно да се кандидирам“, рече Бајден, кој има 78 години. Тој денеска ја одржа својата прва прес-конференција во Белата куќа.

Но, потоа го омекна неговиот одговор.

„Не знам од каде сте, но јас имам голема почит за судбината. Никогаш со сигурност не сум планирал за четири и пол, три и пол години однапред…“

На прашањето дали мисли дека негов противник повторно ќе биде Доналд Трамп, тој рече: „Навистина не размислувам за тоа, немам идеја. Јас дури и не знам кој ќе биде кандидат на Републиканската партија. Знаете ли вие?“, ги праша тој новинарите.

На новинарката која го праша дали повторно ќе ја избере Камала Харис, првата жена која е потпретседател на САД, за свој придружник во кампањата, рече: „Сигурно го очекувам тоа. Таа работи навистина добро и e многу добра партнерка“.

Харис, поранешна сенаторка и јавен обвинител, е меѓу кандидатите кои се споменуваат во контекст на следните претседателски избори.

Потсетување дека Бајден ја презеде функцијата како најстар претседател во историјата на САД, па некои шпекулираат дека тој ќе заврши само еден четиригодишен мандат.

Можете да прочитате

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет