Утрински Весник
Македонија

Џафери и Заев на средба за деблокирање на работата на Собранието

Џафери и Заев на средба за деблокирање на работата на Собранието
Dik 300x250 mk

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска оствари средба со премиерот Зоран Заев, кратко пред почетокот на седницата за пратенички прашања.

Како што сенаведува во соопштението од собраниската прес-служба, на средбата биле разгледани сите процедурални аспекти на функционирањето на Собранието.

„Наша заедничка констатација е дека парламентарната дебата останува во Собранието помеѓу пратеничките групи и претставниците на политичките партии и тука треба да продолжи и да се изнајде соодветно решение за продолжување на работата на Собранието. Тоа е така затоа што, наша заедничка констатација е дека Собранието е институција на граѓаните и е подеднаква обврска како на пратениците од власта, така и на пратениците од опозицијата, во контекст на учеството во работата на Собранието, согласно Деловникот за работа“, истакнале соговорниците.

Можете да прочитате

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево

МВР: Добиени дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и во Куманово