Утрински Весник
Магазин

Мајкл Даглас и Кетлин Тарнер ќе глумат во ТВ-серија

Мајкл Даглас и Кетлин Тарнер ќе глумат во ТВ-серија

Мајкл Даглас се здржи со својата долгогодишна колешка Кетлин Тарнер за третата и последна сезона на хит серијата The Kominsky Method на „Нетфликс“.

66-годишната Кетлин, која претходно гостуваше во серијата, комедија драма, како поранешна сопруга на Мајкл, сега ќе преземе улога со полно работно време како мајка на неговата ќерка Минди (Сара Бејкер).

Претходно, Мајкл и Кетлин глумеа во Romancing the Stone („Лов на зелениот дијамант“) oд 1984 година и во неговото продолжение од 1985 година, The Jewel of the Nile („Скапоцениот камен од Нил“), како и во War of the Roses („Војна на розите“) од 1989 година.

 

Можете да прочитате

Најголемиот град во светот има 73 милиони жители, а многумина не слушнале за него

Третина јапонски компании користат или размислуваат за воведување на ВИ роботи

„Балкан експлорер“ – луксузен воз што ги воодушеви Европа и Балканот