Утрински Весник
Македонија

Утре повторно протест за пресудите во „Монструм“

Утре повторно протест за пресудите во „Монструм“

Утре поради протест, кој ќе почне во 13 и 30 часот од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Владата, ќе бидат затворени неколку улици.

Од 13:30 часот до завршување на протестот затворени за сообраќај ќе бидат улиците: Христијан Тодоровски Карпош, Џон Кенеди, Цветан Димов, Крсте Мисирков и бул.Гоце Делчев.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Роднини на осудените во „Монструм“ одржаа протест и пред четири недели, на кои дојде до нереди. Приведени беа осум лица, а повредени беа седум полицајци.

Можете да прочитате

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Направивме многу отстапки за ЕУ, но, за жал, нè предадоа и нè излажаа