Утрински Весник
Македонија

Мицевски: Економијата и бизнис секторот немаат време за политички сплетки

Мицевски: Економијата и бизнис секторот немаат време за политички сплетки

Економијата и бизнис секторот немаат време за политички сплетки и политиканство. Помошта е потребна веднаш, без одлагање вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Според него пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ, Зоран Заев и владејачкото мнозинство веднаш да закажат итна пленарна седница на којашто заедно ќе ги разгледаат и едногласно ќе ги изгласаат законите од таканаречениот петти пакет мерки поврзани со финансиската помош за граѓаните и компаниите.

„Позади мене се присутни сите пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои се подготвени да бидат присутни и да дадат целосна поддршка за овие закони доколку власта конечно се вразуми и одважи да ја закаже седницата. Апелираме уште еднаш, да престанат политичките игри, пазарењата и тактизирањата врз грбот на граѓаните и стопанството и веднаш, уште денес да се закаже итна пленарна седница на која што ќе ги изгласаме законите од таканаречениот петти пакет на мерки за финансиска помош на граѓаните и стопанството“, рече Мицевски.

„Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе бидеме присутни во Собранието. Сега на потег е власта“,додаде координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра