Македонската фудбалска репрезентација, вечерва од Националната арена во Букурешт, ќе ги започне квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Покрај натпреварот, Романија-Македонија, вечерва ќе на програмата се уште 12 натпревари во пет групи.
Македонија, нема намера да се брани во Букурешт, напротив со офанзивна формација, ќе се обиде да избори поволен резултат. На овој натпревар, репрезентацијата ќе биде без Аријан Адеми и Дарко Велковски. По натпреварот со Романија, Македонија ќе игра против Лихтенштајн (28.март) и Германија (31.март).
Група Ј:
20.45: Романија-Македонија
20.45: Германија-Исланд
20.45: Лихтенштајн-Ерменија
Од останатите натпревари вечерва може да се издвои пресметката помеѓу Унгарија и Полска, а со внимание ќе се следи и мечот Шведска-Грузија, поради враќањето на Златан Ибрахимовиќ во селекцијата на „трите круни“.
Група Б:
20.45 Шведска-Грузија
20.45 Шпанија-Грција
Група Ц:
18.00 Бугарија-Швајцарија
20.45 Италија-Северна Ирска
Група Ф:
18.00 Израел-Данска
20.45 Молдавија-Фарски острови
20.45 Шкотска-Австрија
Група И:
20.45: Англија-Сан Марино
20.45: Андора-Албанија
20.45: Унгарија-Полска
> Македонија од Букурешт ги започнува квалификациите за Катар 2022 <