Утрински Весник
Свет
Img 7972

Словенија: Негативните резултати од брзото испитување не се критериум за избегнување карантин при влез во земјата

Словенија: Негативните резултати од брзото испитување  не се критериум за избегнување карантин при влез во земјата
300x250 opst2

Владата во Словенија одлучи дека негативните резултати од брзото испитување на антигенот на „Ковид-19“ повеќе не се критериум за избегнување карантин при влез во земјата.

Надлежните служби известуваат дека оние што доаѓаат во Словенија, исто така, можат да избегнат карантин доколку обезбедат доказ дека биле вакцинирани против Ковид-19 или дека се опоравиле од болеста во последните шест месеци.

Негативен резултат на брз тест не постар од седум дена останува валиден како доказ за влез во Словенија без карантин за оние кои ја минуваат границата секој ден за работа или училиште и се постари од 13 години.

На сопствениците на земјиштето исто така повеќе нема да им треба таков доказ за да извршуваат земјоделски работи преку границата без пречки, под услов да се вратат во земјата во рок од десет часа, соопштија агенциите во оваа земја.

Можете да прочитате

Tанкер погоден со проектил кај брегот на Јемен

Граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет ќе се отвари во понеделник

Десетици илјади евакуирани на Филипините поради приближувањето на ураганот „Феншен“