Утрински Весник
Свет

Меркел призна дека згрешила со одлуката за карантин за велигденските празници и се извини

Меркел призна дека згрешила со одлуката за карантин за велигденските празници и се извини

По големото незадоволство на економските оператори, но и критиките од медиумите и опозициските политичари, германската канцеларка Ангела Меркел утрово одржа уште еден виртуелен состанок со шефовите на владите на германските покраини и веднаш објави дека се откажува од одлуката за карантин за велигденските празници.

Меркел призна дека одлуката за карантин донесена завчера била со најдобри намери, но дела тоа било грешка. Тие денови, додаде таа, тешко дека ќе бидат соодветна мерка за спречување на ширењето на вирусот во третиот бран на пандемијата.

Неочекувано, Меркел рече дека тоа било грешка и дека е подготвена, по своја должност, да преземе целосна одговорност затоа што ги вознемирила и граѓаните и економијата.

Таа се извини за ова, но исто така изрази уверување дека со помош на оние што ја поддржуваат ќе може да го намали ширењето на вирусот и да ја запре пандемијата.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме