Утрински Весник
Македонија

Казни за петмина скопјани кои го прекршиле полицискиот час, еден од нив имал и лажна дозвола

65 санкционирани возачи во Скопје

Скопското Основното јавно обвинителство поднесе предлози за казни против четири лица за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации низ градот за време на полицискиот час, определен како мерка за сузбивање на ширењето на коронавирусот.

За четворицата обвинети јавните обвинители му предложиле на судот да изрече парични казни од по 10 дневни глоби, со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.

За еден скопјанец, пак, поднесено е обвинение за кривично дело – фалсификување исправа.

Обвинетиот на 17 март бил затекнат како се движи на улицата „Цветан Димов“ за време на полицискиот час, при што употребил лажна исправа – дозвола за движење на вработен поради континуитет на работниот процес.

Меѓутоа, утврдено било дека тој во наведената фирма извршувал работни активности само во периодот од 8 до 16 часот.​

Можете да прочитате

ИКС: Во пресрет на изборите е потребна мобилизација за справување со странско мешање

Работна средба Минчев – Скот Хејзлет, акцент ставен на активности за отворена, транспарентна и отчетна власт

Татко и двајца синови осомничени за насилство на гробишта во Бутел