Утрински Весник
Македонија

За бојкотирање на пописот можна е затворска казна до пет години, велат од Владата

За бојкотирање на пописот можна е затворска казна до пет години, велат од Владата

Бојкотот не е опција зошто станува збор за исклучително важна операција. Тој е граѓанска обврска и е задолжителен, рече владиниот портпарол, Душко Арсовски на денешната прес-конференција во врска со најавената статистичка операција.

Тој додаде дека според Кривичниот Законик (КЗ), санкциите можат да бидат парични, но и со затворска казна од една до пет години.

Притоа, Арсовски цитираше и член од КЗ:

„Член 387 вели: Тој што ќе организира други форми на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Ако поради делото од став 1 дошло до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на државен орган или делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години“.

„Бојкотот е и кривично дело, оттаму секој повик на бојкот подлежи на закон, а институциите ќе го применуваат во таков случај. Законска основа за казнување, вклучувајќи и затвор, е делото ‘организирање на отпор и непослушност кон законити мерки на државен орган’“, истакна владиниот портпарол.

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ