Утрински Весник
Свет

Украина: Жена починала по примањето вакцина од „Астразенека“, но немала нуспојави

Украина: Жена починала по примањето вакцина од „Астразенека“, но немала нуспојави

Припадничка на украинската армија, кој починала два дена откако примила вакцина од „Астразенека“, не се пожалила на никакви несакани ефекти по вакцинацијата, се вели во соопштение на украинското Министерство за здравство.

Во соопштението се апелира до јавноста да не носи предвремени заклучоци за смртта што сè уште се истражува, а се наведува и дека жената имала хронично кардиоваскуларно заболување и други придружни болести, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Истиот ден, уште девет лица ја примија вакцина од истата серија и немаше никакви негативни реакции, се вели во соопштението на министерството.

Можете да прочитате

Закани од Хутите до Вашингтон: Следува брз и болен одговор доколку САД се вмешаат во Јемен

Американски сенатори бараат од Трамп да се откаже од увозот на руски дизел

Фараж најави замрзнување на постапките за азил до пет години ако неговата партија победи на изборите