Утрински Весник
Македонија

Приведени тројца крадци, расчистени 5 кривични дела

Приведени тројца крадци, расчистени 5 кривични дела

По преземени мерки и активности полициски службеници од ОВР Берово и ОВР Делчево на 22.03.2021 ги лишиле од слобода А.Ш.(47),А.Х.(48) и С.Д.(37), сите од Скопје.

Лицата се сомненичат дека истиот ден, на подрачјето на Берово сториле три кривични дела -тешка кражба на дрзок начин, едно кривично дело-кражба во Виница и една кражба во Делчево, при што од продажни објекти биле одземени разновидни производи.

Украдените предмети се вратени на оштетените граѓани.

По комплетирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, велат од МВР.

Можете да прочитате

СТУДЕН БРАН ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: Температурите нагло паѓаат, снег на планините и силен ветер до 60 км/ч!

Отворена подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа Крива Паланка во Општина Ранковце

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!