Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Путин ќе ја прими втората доза на вакцината за околу три недели

Путин ќе ја прими втората доза на вакцината за околу три недели
Dik 300x250 mk

Официјален Кремљ објави дека претседателот Владимир Путин им дал добар пример на руските граѓани со вакцинирање против Ковид-19 и дека ќе ја добие втората доза на вакцината за околу три недели.

Путин ја прими првата доза на вакцината вчера, но руските власти не сакаа да кажат која од трите руски вакцини ја прими.

Сепак, официјален Кремљ не објави фотографии или видео од вакцинацијата на претседателот, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков исто така рече дека руското производство на вакцини не е доволно за да се задоволи побарувачката во руските региони на почетокот на годината, но оттогаш производството е зголемено.

Можете да прочитате

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

Португалскиот парламент усвои закон за забрана на никаб

Трамп: Средба во Будимпешта само со САД и Русија, но ќе бидеме во контакт со Украина