Утрински Весник
Свет

„Астразенека“ сoкрила 30 милиони вакцини во Италија

„Астразенека“ сoкрила 30 милиони вакцини во Италија

„Астразенека“ сокри 30 милиони дози вакцина во фабрика во Италија, пишува италијанска „Ла Стампа“.

Огромната количина вакцини на „Астразенека“ во италијанската фабрика требаше да биде извезена во Велика Британија, открија италијанските власти.

Вакцините биле сокриени во фабриката „Каталент анањи“. „Ла Стампа“ наведува дека тие биле подготвени за транспорт до Велика Британија, но италијанските власти ги откриле како дел од истрагата што ја покрена Европската комисија.

Во Италија се наоѓа вакцината за која се борат ЕУ и Велика Британија. Оваа количина вакцини е исклучително важна и за ЕУ ​​и за Велика Британија. Што се однесува до Европската Унија, тоа е двојно повеќе отколку што цела Европската Унија досега има добиено од „Астразенека“, додека за Британците тоа значи гаранција дека скоро 15 милиони граѓани ќе добијат втора доза вакцина.

 

Можете да прочитате

Пет млади лица се удавиле во Британија за време на топлотниот бран

Полицијата изврши упад во седиштето на Социјалистичката партија во Мадрид

Израел уби командант на Хамас во Газа кој беше назначен пред неколку дена